305
Рибарски брод долг 25 метри со 531 мигрант пристигна во Лампедуза откако беше пресретнат и придружуван до пристаништето со бродови на крајбрежната стража и финансиската полиција.
Бродот, кој беше пресретнат синоќа, превезувал луѓе главно од Сирија, Египет, Пакистан и Бангладеш, меѓу кои имало само пет жени и шест деца, а испловил од Зувара, Либија, јави Анса.
Мигрантите и бегалците рекоа дека плаќале меѓу 4.000 и 7.000 долари за превоз.