Брнз: Разочарани сме што Бугарија го блокира процесот на интегрирање

by Фокус 21:31
21:31

Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија, многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на телевизија Телма. Според неа, билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање.

-Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот. Навистина е важно, и ние продолжуваме да комуницираме за ова во Бугарија и во Северна Македонија двете земји да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите – изјави Брнз.

- Advertisements -

Американската амбасадорка ги повикува сите политички партии да се обединат околу двата клучни предизвици со кои се соочува земјата – борбата против Ковид-19 и спроведување на реформите за членство во ЕУ.

Поврзани новости