Брнз: Потребни се целосно овластена Влада и функционален Парламент веднаш штом дозволат условите

by Fokus

Потребни се целосно овластена Влада и функционален Парламент веднаш штом дозволат условите, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, во одговор на прашањето од „360 степени“ за коментар на „целата ситуација околу изборите, која може да прерасне во нова политичка криза“.

„Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благосостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум се додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален Парламент“, вели таа.

Поврзани новости