Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира.
-Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на „Еуротинк“ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира.
Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија, рече денеска Брнз, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во
Според неа, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите доколку сака да ја врати довербата на граѓаните.
-Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата, вели Брнз.