Американската амбасадорка Кејт Брнс во својата прва новогодишна честтика изрази надеж за просперитетна Нова 2020 и продлабочување на односите меѓу двете земји.
,,Среќни празници од Американската амбасада во Северна Македонија. Како што се потсетувам за што да зборувам во мојата прва новогодишна честитка , имаше многу моменти што заслужија внимание во текот на изминатата година.
Вашата земја седна рамноправно на масата на НАТО самитот во Лондон , со што се остварија долгогодишните аспирации за членство во Алијансата. Тоа е заокружување на процесот што почна со потпишувањето на договорот за пристапување во НАТО во февруари. Продолжува процесот на продлабочување и на билатералните односи. Во јуни бевте домаќини на најголемата воена вежба во историјата ,,Повратен удар” ,во коија учествуваа единици од тука , од САД, Албанија , Бугарија , Литванија и Црна Гора. На почетокот на октомври , нашиот државен секртетар го посети Охрид, каде ја искажа поддршката кон Северна Македонија и се сретна со претседателот, премиерот и други претставници на власта. Како што наближуваше годината кон крај , имавте можност за соработка со вашите соседи , вашата економија се зацврстува и расте, со реални изгледи за натамошен регионален напредок. Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за почеток на преговорите за членство со ЕУ , со имплементирање на реформите , неопходни за процесот кој ќе го помогне напредокот и растот на земјата. Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја кога пројавуваат интерес за регионот , како и годишното рангирање на Светска банка. Дури и туристичкиот водич ,,Travell Guide”им ја препорача на Американците и на другите светски патници да ја откријат убавината и културното наследство на трето место на светот меѓу топ дестинациите за 2020. Знам дека сериозни предизвици остануваат и има уште многу да се направи , но правецот е позитивен и ветувачки и со надеж и оптимизам ви посакувам Среќни празници и напредна година , во која нашето партнерство ќе продоли да се развива.” , вели амбасадорката на САД во новогодишната честитка.
Check out the first holiday message by Ambassador Byrnes as the U.S. Ambassador to the Republic of North Macedonia. Happy holidays! @USAmbNMacedonia pic.twitter.com/Q9zTsWk8Vd
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) December 31, 2019