Брнс му даде поддршка на техничкиот премиер Спасовски за реформите

by fokus

Силна поддршка за посветеноста на премиерот Оливер Спасовски и на Владата на реформските процеси во земјава, на стабилноста и безбедноста, но и на интеграциите во ЕУ и НАТО изрази денеска американската амбасадорка Кејт Брнз на средбата со премиерот.

Како што се наведува во владиното соопштение констатирано е дека периодот на преодната влада во наредните неколку месеци бара ангажман и одлучност од сите страни, за остварување на големите цели чијашто реализација е во тек –  Република Северна Македонија да биде потврдена како 30-та активна земја членка на НАТО и отпорна растечка демократија на патот кон Европската Унија.

Оценето е дека Македонија во претстојните парламентарни избори влегува со многу подобра институционална стабилност и дека е важно таквата позиција да се сочува.

-Врвен приоритет на Владата се неколку подеднакво важни сегменти на коишто сме цврсто фокусирани: да се продолжи со остварувањето на националните интереси како што се интеграциите во НАТО и во ЕУ и на сите започнати проекти за граѓаните во сите области, спроведување фер и демократски избори со споделена одговорност од сите политички субјекти, продолжување на изградбата едно општество за сите со почитување меѓу сите етнички заедници, продолжување на определбата на нашата држава да придонесува за стабилноста и соработката во регионот, рече премиерот Спасовски.

Поврзани новости