Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели амбасадорката на САД Кејт Брнз за „360 степени“.
„Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благостостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум се додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент – вели Брнс.
Од Делегацијата на ЕУ пак велат дека треба да продолжи дискусијата за државата да може да организира избори и да продолжи целосно да се справува со последиците од Ковид 19.