По распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија, би сакала да го поздравам значителниот успех постигнат во минатите три години, напиша денеска американската амбасадорка Кејт Брнс, на фејсбук-страницата на Американската амбасада во Скопје.
Овој успех ги опфаќа, според Брнс, ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.
– Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Северна Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина, истакна амбасадорката.