516
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека „не станува збор за мала работа“, откако вчера вечер сите српски дипломати од Македонија беа повлечени на консултации во Белград.
Таа, пред новинарите во Владата на Србија најави дека наскоро ќе биде лиферувано соопштение од Министерството за надворешни работи, на кое во моментов, како што рече, „заеднички се работи“, пренесува Танјуг.