Брнабиќ за блокирање на влезот во зградата на РТС: Нема пленум на земјава што ќе успее да го урне уставниот поредок!

by Fokus

Претседателката на српското Собрание – Ана Брнабиќ на својот Х профил ги коментираше синоќешните настани пред зградата на РТС и порача дека „насилството во Србија никогаш нема да победи“.

Брнабиќ се огласи затоа што цела ноќ група студенти го блокираа влезот во зградата на РТС во Белград.

– Насилството во Србија никогаш нема да победи. Србија е земја на слободата. Ние ги градевме нашите институции со векови за да им служиме на сите граѓани на оваа земја. Нема пленум на оваа земја што ќе успее да го урне уставниот поредок на оваа земја и со насилство да ја порази мнозинската волја на граѓаните на Србија. Ги повикувам студентите кои се во блокада да не применуваат насилство и да не се обидуваат да ги преземат институциите, бидејќи токму тоа го сакаат сите оние кои не и сакаат добро на Србија – рече Брнабиќ.

Потоа им испрати порака на студентите во блокадата.

– Апелирам и до нив да се придржуваат до студентскиот указ од Ниш што самите го донесоа и да обезбедат еднакви права за своите колеги, студенти кои само сакаат да студираат, да го продолжат студирањето. Правдата, солидарноста и силните институции се она што и треба на Србија, а не омраза, насилство и анархија – напиша Брнабиќ.

Поврзани новости