Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за првпат по два мандата го посетила Косово. Нејзината придружба, вклучително и возилото во кое се наоѓала, морале, како и сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово со автомобили, да имаат покриени со налепници регистарски таблички, при што нема да се видат ознаките на државата Србија.
Како што може да се види на видеото, при пристигнувањето во Косовска Митровица, српската премиерка бил придружувана од голем број службени возила со ротациски светла.
Сите возила биле со регистерски таблички на кои националните симболи им биле покриени со налепници.
Налепници немале возилата со ознаки „RKS“.
Тоа значи дека возачите од двете страни на своите автомобили ги покриваат националните симболи на регистарските таблички.