Брнабиќ: Србија се враќа во нормала од 21 јуни

by Fokus

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека верува дека нејзинат земја ќе се врати во нормален живот од јуни и дека желбата на владините претставници е да се укинат анти-епидемиолошките мерки на Светскиот ден на музиката, 21 јуни.

Говорејќи на ТВ Пинк, таа изјави дека тоа е предлог на „индустријата за настани“ и дека во моментов е загрижена за малиот процент вакцинирани млади луѓе на возраст под 30 години.

-Во таа категорија на население, вакцинирани се само 12 проценти. Ќе видиме дали дотогаш ќе можеме да ја надминеме епидемијата, функционираме добро во овој момент, но бевме оптимисти и минатото лето, па бројките почнаа да растат. Она што е важно за нас е луѓето да се вакцинираат што е можно поскоро. Утре доаѓаат уште Фајзер вакцини, нема проблем со тоа, истакна Брнабиќ.

Коментирајќи ги дигиталните сертификати за вакцинација, таа рекла дека Србија е прва или втора земја што започнала да ги применува.

Поврзани новости