Брнабиќ: Србија е единствена земја каде граѓаните може да бираат вакцина

by Фокус

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по повод стоте дена од работата на владата, изјави дека досега се вакцинирани околу 520.000 граѓани. Таа притоа истакна дека Србија е единствената земја во светот каде граѓаните имаат право да изберат која вакцина ќе ја примат.

-Како трета земја во Европа, по Велика Британија и Швајцарија, и три дена по ЕУ, почнавме со вакцинирање на нашето население. До денеска вакциниравме околу 520.000 лица, ревакциниравме околу 21.000 и единствена земја во светот сме каде граѓаните можат да ја изберат вакцината – изјави таа.

Поврзани новости