Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денес по посетата на подрачјето погодено од невремето меѓу 19 и 24 јули изјави дека се оштетени или уништени околу 12.000 станови и куќи и нешто повеќе од 1.000 јавни објекти и дека штетата е измерена во стотици милиони евра.
„Двата апсолутни приоритети за обештетување се станбените згради и основните и средните училишта, со цел децата да почнат на училиште од 1 септември, потоа здравствените установи“, изјави Брнабиќ, пренесоа српските медиуми.
Таа рече дека Владата ќе им помогне на сите локални самоуправи што поскоро да ги подготват записниците и да ги испратат до Министерството за управување со јавни инвестиции, за што побрзо да започне со обесштетување на штетата.
Нови Сад и Бачка Паланка беа најпогодени од невремето, изјави српската премиерка.
Таа реле дека че направат анализа дали градоначалникот Бачка Паланка можел побрзо да се справи со последиците од невремето, откако жоителите протестираа и се жалеа на бавноста на локалната самоуправа и побараа негова смена.
На прашањето дали смета дека настанот во Бачка Паланка е нејзина вина, Брнабиќ одговори дека се неточни тврдењата дека никој не дошол да помогне.
„Сите дојдоа да помогнат во Нови Сад и Бачка Паланка, бидејќи да немаа, некои делови и денеска ќе немаа струја“, изјави Брнабиќ и додаде дека целата помош и механизација се испратени во Бачка Паланка.