Брнабиќ: Разузнавачки дејства се конкретната причина за повлекувањето

by Fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека „разузнавачките дејства„ се конкретната причина за повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Скопје.

Таа, пред новинарите во Белград, истакна дека македонскиот премиер Зоран Заев на Самитот на Берлинската иницијатива во Трст и рекол дека Македонија ќе се воздржи од гласањето за прием на Косово во УНЕСКО, јави РТС.

– Во овој момент, мене тоа ми е најважно – претседателите во регионот да стојат на зборот, посочи српската премиерка.

Брнабиќ потврди дека на неформалниот состанок во албанскиот град Драч на 26 август ќе има средба со Заев и наведе дека на собирот ќе се разговара за тоа што треба понатаму да се работи.

 

Поврзани новости