Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека во овој момент главните осомничени за планирање на атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ се надвор од дофатот на безбедносните служби. Меѓу нив има и двајца црногорски државјани, но и државјани на земји од и надвор од Европската Унија, пренесуваат медиумите во соседството.
Брнабиќ изјави дека службите деноноќно работат на пронаоѓање на оние кои го планирале атентатот на претседателот на Србија.
„Она што е важно да го нагласам за сите наши граѓани – дури и во овој момент, сите оние кои се осомничени и за кои имаме докази се надвор од дофатот на нашите безбедносни служби. Значи, не можеме да дојдеме до нив“, рече Брнабиќ за РТС.
Според неа, во планирањето на убиството на Александар Вучиќ се вмешани двајца црногорски државјани, но и лица од други земји – и внатре и надвор од Европската Унија.
„Апсолутно им верувам на нашите безбедносни служби, тие немаат лесна задача, имаат исклучително тешка задача, сите безбедносни служби работат заедно – сите даваат се од себе. Верувам дека ќе го спречиме ова. Дали се чувствувам безбедно во овој момент и дека не постојат проблеми – не, не го чувствувам тоа. Имаме уште многу работа, не сме ја отстраниле безбедносната закана по животот на претседателот Александар Вучиќ. Верувам дека ќе го направиме тоа, но имаме да работиме уште многу, дење и ноќе“, вели таа.
Прашана дали има доверба во оние кои директно го обезбедуваат претседателот, премиерката рече дека неговата безбедност во моментов е на максимум.
Постојат неколку безбедносни обрачи околу претседателот Вучиќ. Немам информации што се појавија во медиумите дека имаме такви сомнежи. Момците кои се во непосредното обезбедување веруваат дека во секој момент би ги дале своите животи за него, тие се сериозни луѓе, сериозни патриоти, и сериозно лично го сакаат претседателот“, рече Брнабиќ.
„Споделуваме информации и се бориме претседателот Александар Вучиќ да биде безбеден“, кажа таа.
Додаде дека безбедноста на границите е максимално зајакната, бидејќи се верува дека оние кои планираат напад врз претседателот ќе се обидат да влезат во земјата од странство.
„Тие секако имаат свои скривалишта во Република Србија. Тие се под директен надзор, што е проблем за мене – сите оние кои се одговорни и вклучени во ова не се на дофат на нашите безбедносни служби. Јас сум се разбира најбезбедна кога се во доменот на нашите служби, иако верувам во странски партнери“, рече Брнабиќ.