503
Српската премиерка Ана Брнабиќ говорејќи за состојбата помеѓу Србија и Косово истакна дека истата не е воопшто добра. Таа додаде дека ништо не се крие и сите проблеми ќе се решаваат со граѓаните.
„Атмосферата е исклучително сериозна, ни претстојат многу тешки денови, но знаевме дека така ќе биде. За нас е важно да продолжиме да се бориме за силна Србија во секој аспект. За се ќе комуницираме отворено и транспарентно со нашиот народ, сите тешки одлуки ќе ги носиме со нашиот народ и ќе ја сносиме целата одговорност“, рече Брнабиќ.