Брнабиќ: Не знам зошто Рама побара да се воведат санкции за Србија, тоа не е во согласност со добрососедските односи

by Fokus

Премиерката Ана Брнабиќ денеска во Тирана, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, изјави дека не знае зошто албанскиот премиер Еди Рама побарал да се воведат санкции за Србија, оценувајќи дека тоа не е во согласност со добрососедските односи, ниту со она што се прави во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

На новинарско прашање за тоа што имала студено и протоколарно поздравување со Рама, Брнабиќ одговорила дека така се чувствува и дека не може посрдечно да се поздраи со човекот кој, како што рече, повикал да се воведат санкции на Србија.

„Се надевам дека денес во текот на денот ќе разговараме повеќе за тоа, и малку разговаравме за да го разјасниме. Сакаме најдобри можни односи со Албанија, како и со сите во регионот. Никогаш не сте само политичар, понекогаш сте исто така човечко суштество. И јас така се чувствувам. Не сум среќна ,не знам зошто го направи тоа, нема никаква смисла, не е во согласност со добрососедските односи или во склад со она што тоа го правиме како дел од иницијативата Отворен Балкан“, рече Брнабиќ.

Таа посочи дека Србија не направила ништо за некој да се јави и да побара воведување санкции.

„Не го разбирам тој негов гест, така се чувствувам, не можам да се воздржам. Не треба да се сфаќа лично. Тука сум, разговаравме и ќе разговараме понатаму. Секогаш сум отворена за најдобри можни односи со албанските институции и да продолжиме со реализација на проектите што почнавме да ги реализираме“, рече Брнабиќ.

Поврзани новости