457
Мандатарката на идната српска Влада, Ана Брнабиќ, изјави дека очекува новата извршна власт да биде избрана до крајот на септември, дека светот е на работ на трета светска војна и дека нејзин приоритет ќе и бидат Косово и енергетиката.
-Зачувувањето на мирот и стабилноста е најважната задача. Најмногу ме мачи Косово и Метохија. Голем дел од работата ја презеде Александар Вучиќ. Енергетиката, исто така, е приоритет, што е прашање на национална безбедност. Најлесно ќе ми биде да напишам експозе, истакна Брнабиќ за РТС.