Брнабиќ: Коридорот 10 до Македонија ќе биде најголемиот инфраструктурен проект на ЕУ во овој регион

by fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот округ, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ.

-Тој воедно ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на Европската унија во овој дел на Европа. Тука преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан само за делницата од Белград до Ниш ќе добиеме 600 или 700 милиони евра неповратни средства што се подарени пари, изјави Брнабиќ.

 

Поврзани новости