100
Српската премиерка Ана Брнабиќ во седиштето на партијата изјави дека од 50 отсто обработени ливчиња имаат освоено 47,1 отсто.
„Само нашата листа ќе има повеќе од 125 пратенички мандати“, посочи Брнабиќ.
Таа ги отфрли обвинувањата на опозицијата за нерегуларности и купување гласови и влијанието на СНС врз гласачите, а во исто време ги обвини опозициските партии за кршење на изборните правила.