603
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска апелираше граѓаните да не се собираат на протести, со цел, како што рече, да го зачуваат здравјето и да спречат уште поголеми бројки на заболени од коронавирусот.
-Во моментов нема потешка борба освен со короната, време за протести ќе има – рече Брнабиќ, според која собирите се голем ризик.