Премиерката на Србија Ана Брнабиќ по повод денешната посета на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на Приштина и Белград оцени дека дипломатските активности се забрзуваат и притисокот се засилува и додаде дека верува во гаранциите на меѓународната заедница во однос на формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО).
Таа за РТС изјави дека Лајчак прво оди во Приштина и дека основањето на ЗСО, колку што може да види, било тема таму, додавајќи дека не ја интересираат ставовите на косовскиот премиер Албин Курти за ова прашање.
Брнабиќ потсети дека ЗСО е договорено и за него е преговарано пред десет години како дел од Бриселскиот договор, во 2013 и 2015 година и нагласи дека верува во гаранциите на меѓународната заедница дека така ќе се формира.