Брнабиќ: Им благодарам на руските безбедносни служби кои имаа информации за тоа што се подготвува во Белград и ги споделија со нас

by Fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ им се заблагодари на руските безбедносни служби, кои ги информирале за тоа што се подготвува во Белград, за што таа тврди дека е во режија на некои западни служби.

За време на нејзиното гостување во „Хит твит“ на Пинк телевизија, Брнабиќ потсети дека уште пред изборите предупредила дека дел од опозицијата ќе се обиде да ги оспори резултатите од изборите и да ја преземе власта во Србија со насилни средства, што како што рече, кулминирало во „напад на градското собрание во Белград“.

Таа им се заблагодари на руските безбедносни служби кои „ја споделија таа информација со нивните српски колеги“.

„Веројатно нема да биде популарно кај оние од Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да се залагаме за Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа тие информации и ги споделија со нас“, рече Брнабиќ.

„Тогаш државните органи на Србија“, продолжи Брнабиќ, „ја споделија таа информација со други претставници на меѓународната заедница кои ја отфрлија како руска дезинформација“.

„Сите други рекоа дека тоа се лажни вести“, рече таа.

Брнабиќ за денеска најави средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград, Александар Бочан-Карченко.

Поврзани новости