Брнабиќ: Екстремисти ги нападнаа студентите

by Фокус

Во објава на Х, претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ вечерва ги отфрли наводите дека нападот за време на инцидентите на вечерашниот протест пред Парламентот го извршил некој од кампот во Пионирски парк, туку дека „екстремисти“ ги нападнале и студентите во блокада и студентите во паркот.

„Лага е дека некој од Пионирски парк нападнал некого. Јасен доказ дека екстремисти ги нападнале и студентите во блокада и студентите во Пионирски парк . Насилството нема да биде дозволено“, напиша таа.

Белградски медиуми јавија за две приведени лица вечерва од пред просторот меѓу Собранието и Претседателството и дека се распоредени припадници на жандармеријата со опрема за разбивање протести пред Правниот факултет во Белград.

Студентското обезбедување во блокада прогласи крај на протестот пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните им нареди да се повлечат, по инцидент.

Поврзани новости