454
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска истакна дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, но додаде дека претседателот на Србија „засега одбива да го стори тоа“.
-Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да биде јасно – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка, како претседател на владата, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тоа го знае и засега одбива, изјави Брнабиќ и додаде:
„Можеби ќе се предомисли. Сакате избори – нема проблем, ние сме секогаш за избори“.
Таа рече и дека „сигурно останува лојална на Србија и на Вучиќ“.