Брнабиќ до Стано: Приштина доби многу повеќе од „нешто“ без да направи апсолутно ништо

by Fokus

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на Твитер му одговори на Петер Стано, портпаролот на ЕУ, кој рече дека „ЕУ е свесна дека Србија гласала против барањето на Косово за прием во Советот на Европа“.

– Порака до нашите партнери во Европската Унија: Србија го забележува фактот дека Европската Унија уште еднаш директно ги прекрши:

-Бриселскиот договор
-Европски предлог
-Анекс за имплементација од Охрид
-Статут на Советот на Европа
-Повелбата на Обединетите нации
-Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН

Најмногу ми се допадна делот од изјавата на Петер Стано, каде тој зборува за „многу едноставната логика“ на преговорите, „секоја страна треба да направи нешто за да добие нешто“. Во реалноста, Приштина доби многу повеќе од „нешто“ без да направи апсолутно ништо. Толку од `простата логика`“ – напиша Брнабиќ.

Поврзани новости