Брнабиќ: Даваме полна поддршка на Северна Македонија и Албанија за датум за преговори со ЕУ

by Fokus

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги повика сите на Балканот кои немаат пристапено во „Отворен Балкан“, вклучително и Косово, да се приклучат на иницијативата, истакнувајќи дека поканата е постојано отворена, јави дописникот на МИА од Белград.

– Граѓаните кои живеат во регионот ќе имаат неверојатна корист од оваа иницијатива, кажа Брнабиќ, одговарајќи на прашања на 101. Роуз-Рот семинар на Парламентарното собрание на НАТО, „Евро-атлантска интеграција, партнерство за мир и натамошни чекори во справувањето со преостанатите предизвици во Западен Балкан“, што се одржува во Собранието на Србија.

Брнабиќ изјави дека Србија им дава „полна поддршка“ на Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите со Европската унија (ЕУ), бидејќи тие тоа „целосно го заслужиле“.

– Во разговорите со партнерите од ЕУ секогаш нагласуваме дека во интерес на просперитетот на регионот е овие земји да добијат датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, но исто така е исклучително важно ЕУ да работи со Босна и Херцеговина за да таа не биде запоставена, кажа Брнабиќ.

Поврзани новости