Брнабиќ бара да се гласа за доверба на српската влада, опозицијата ќе ја бојкотира седницата

by Fokus

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека на неа ќе се расправа за гласање доверба на Владата.

Како што рече, конечниот дневен ред ќе се знае утре. Според неа, мнозинството и дава поддршка на Владата, но таа ќе дозволи да се одржи дебата за довербата во неа, овозможувајќи и на опозицијата да ги изнесе своите ставови.

Лидерот на опозициската Демократска партија Срѓан Миливојевиќ вели дека тие одговориле на повикот на студентите за генерален штрајк и нема да учествуваат во работата на Собранието. Тој нагласи дека дека генералниот штрајк во моментов е најефикасното средство во борбата против режимот.

„Нема да присуствуваме на фарсата или на имитацијата на парламентаризмот, туку ќе го поддржиме генералниот штрајк и ќе се приклучиме на протестите. Самата седница на Собранието изгуби секаква смисла во моментот кога јуришниците поттикнати од Александар Вучиќ ги газат нашите деца со автомобили, а неговите фаланги ги и тепаат студентите. Не можеме да седиме во иста просторија со луѓе со крвави раце“, рече Миливојевиќ во изјава з аагенцијата Бета.

 

Поврзани новости