Бритни Спирс и Елтон Џон ја објавија песната „Hold Me Closer” – новата преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.
„Прилично е ‘кул’ што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време… Ова е голема работа за мене!!!“, напиша Бритни на Твитер.
За неа ова е големо враќање – по шест години вон сцената. Последната нејзина песна под назив „Slumber Party“ таа ја објави 2016 година.
Џон неделава ја изведе песната и пред публика, во ресторан на југот на Франција.
– Апсолутно сум воодушевен што имав можност да работам со Бритни Спирс. Таа навистина и икона – една од најголемите поп-ѕвезди на сите времиња и звучи неверојатно во оваа песна. Ја сакам многу и сум воодушевен од она што го создадовме заедно, истакна Елтон Џон.
Списанието „Ролинг стон“ ја има вклучено оригиналната песна на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња, и тоа – на 47. место.