Бритни Спирс вчера на Инстаграм објави дека е бремена.
„Значи, направив тест за бременост и… Ќе родам бебе (следи емотикон со бебе)… Расте!!! А, ако има две таму… Едноставно ќе се разлабавам,“ напиша шеговито меѓу другото пејачката.
Потоа вели дека помалку ќе излегува за „папараците да не се обидат да заработат пари“ на нејзиното бебе. Таа понатаму се жали и за тоа што кога последниот пат била бремена, била во депресија и не добила соодветна поддршка.
„Жените тогаш не зборуваа за тоа… Некои луѓе сметаа дека е опасно ако жената така се жали со бебе во неа… Но, сега жените зборуваат за тоа секој ден… Фала му на Исус, не мораме веќе да ја чуваме таа болна тајна“, напиша Бритни, додавајќи дека ќе вежба јога секој ден за да го одржи своето тело и ум во форма.
„Ширете многу радост и љубов!“, напиша таа на крајот од објавата.
Веста доаѓа неколку месеци по крајот на контроверзното судско старателство над пејачката. За време на судските сослушувања, Спирс му изјави дека нејзиниот старател го одбил нејзиното барање да ја отстрани спиралата за да може да има трето дете