Британскиот регулатор денеска ја казни кинеската социјална мрежа TikTok со 12,7 милиони фунти поради „незаконско“ користење на личните податоци на децата, соопшти Канцеларијата на Комесарот за информации (ICO).
ICO верува дека TikTok им дозволил на 1,4 милиони деца под 13-годишна возраст во Британија во 2020 година да отвораат профили на нејзината платформа, спротивно на официјалните правила, и дека ги користел нивните податоци без согласност на нивните родители.
Истрагата на ICO откри дека TikTok не извршил „соодветни проверки за да ги идентификува и затвори профилите на деца“ кои се премногу мали за да ја користат неговата платформа.
„Постојат закони во Обединетото Кралство за да се осигури дека нашите деца се безбедни во дигиталниот свет. ТикТок не успеа да се придржува до нив“, рече Џон Едвардс, комесар за информации на ОК, во соопштението.
Белата куќа, Европската комисија, канадската, британската и австралиската влада неодамна им забранија на нивните службеници да користат TikTok на официјални телефони.
Норвешкиот парламент и шведската армија го направија токму тоа минатата недела.
САД го обвинуваат TikTok, подружница на кинеската компанија ByteDance, дека е алатка на Пекинг за шпионирање и манипулирање со Американците.