Британците бесни на Бајден, сметаат дека се залага Фон дер Лајен да биде следниот генерален секретар на НАТО

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден се залага претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да биде назначена за следен генерален секретар на НАТО, објави британски „Телеграф“.

Членовите на Алијансата вчера се договорија мандатот на актуелниот генерален секретар Јенс Столтенберг да биде продолжен за една година, односно до есента 2024 година, а Бајден, според „Телеграф“, се обидува да ја убеди Фон дер Лајен да го наследи Столтенберг поради сомнежи дека ќе се појави адекватен кандидат во следните 12 месеци.

Лидерите на НАТО се надеваа дека ќе постигнат договор за наследникот на Столтенберг на нивниот годишен самит во Вилнус, Литванија следната недела, но не успеаја да се договорат за кандидатот.

Цитирајќи неименуван извор, „Телеграф“ известува дека Бајден и Фон дер Лајен изградиле „силни односи“ во последниве години, поттикнувајќи блиски трансатлантски врски за прашања како што се Кина, Украина и климата, и дека Европската унија сега „се потпира на Вашингтон со разузнавачки податоци“, оддалечувајќи се од изворите на информации што и ги пренесуваа европските агенции, кои погрешно ја процениле руската инвазија на Украина.

Поврзани новости