371
Двајца Британци се уапсени вчера вечерта откако предизвикале инцидент во трговски центар во Скопје. Според полицијата тие нападнале две момчиња од Скопје и избегале со такси, по што биле пронајдени од полицијата.
„На 04.10.2018 година во 23.30 часот пријавено е дека во трговски центар во Скопје лицата Р.Ф.Б.(58) и Д.В.Е.(54), двајцата од Англија, го нарушиле јавниот ред и мир со физики напад врз А.Ј.(29) и С.Н.(28) од Скопје. По нападот тие побегнале со такси возило, но набргу потоа биле пронајдени и приведени во Полициската станица Центар за понатамошно постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.