Британското Министерство за одбрана го објави својот најнов извештај за војната во Украина. Во него се наведува дека руските сили продолжуваат да даваат приоритет на повторно опремување, реорганизација и подготовка на одбраната во повеќе региони во Украина по повлекувањето западно од реката Дњепар.
Војската изгради нови системи за ровови во близина на границата со Крим, како и меѓу регионите Доњецк и Луганск, а некои од овие локации се и до 60 километри зад сегашната линија на фронтот, пишуваат Британците. Ова сугерира дека руските планери се подготвуваат за натамошни големи продори на украинската армија, се вели во извештајот кој британското МО го објави на Твитер.
Министерството посочува дека е веројатно дека евентуално Русија ќе се обиде да прераспореди некои од силите вратени од Херсон за да ги зајакне и прошири своите офанзивни операции во близина на градот Бахмут во источниот регион Доњецк. Инаку Бахмут е град во кој Русите сè уште бележат некаков успех, иако сè уште не успеале да го освојат.