Водачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, е вклучен во уште еден „намерен обид да се поткопа авторитетот на официјалните воени власти“ во Русија, пишува Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во најновиот разузнавачки извештај.
„Во понеделникот Пригожин рече дека очекува одговор од руското Министерство за одбрана во врска со ‘договорот’ што самиот го склопил и му го доставил на министерството три дена претходно“, соопшти Министерството за одбрана.
„Ова уследи по ултиматумот на Министерството за одбрана до Вагнер и другите ‘волонтерски формации’ да потпишат договори со Министерството за одбрана до први јули оваа година. Ги зголемува влоговите и е многу веројатно уште еден намерен обид да се поткопа авторитетот на официјалните воени власти. Тонот на Пригожин кон Министерството за одбрана стана недвосмислено конфронтирачки“, велат британските разузнувачи
Додаваат дека тоа секако е донекаде проблем за руското Министерство за одбрана во моментот кога се бори со украинската контраофанзива.
Пригожин со месеци се расправаше со руската армија, обвинувајќи ја, меѓу другото, дека не обезбедува доволно муниција за своите сили.