Британскиот Врховен суд утре ќе одлучува за суспензијата на Парламентот

by fokus

Британскиот Врховен суд утре ќе ја донесе одлуката за тоа дали налогот на премиерот Борис Џонсон за суспензија на Парламентот е незаконска, соопшти таа институација.

На 28 август, Џонсон ја советуваше кралицата Елизабета Втора да ја суспендира работата на Парламентот, што неговите противници го оценија како потег со кој би се спречило да биде блокирана неговата намера да ја изнесе земјата од ЕУ на 31 октомври, со или без договор.

Сепак, Џонсон рече дека целта на суспензијата е да му се даде време да донесе нова законодавна агенда за Брегзит.

Врховниот суд одржа тридневно сослушување за случајот минатата недела.

Поврзани новости