Британскиот премиер Риши Сунак го прекршил кодексот на однесување на пратениците со тоа што не ги пријавил финансиските интереси на неговата сопруга во добротворна детска организација подобна за владини грантови, изјави денеска комесарот за стандарди во Долниот дом на општините.
Даниел Гринберг заклучил дека прекршувањето на кодот настанало како резултат на „збунетоста“ на премиерот околу правилата за пријавување на уделот на неговата сопруга во здружението „Кор Кидс“ и дека грешката е направена „ненамерно“. Затоа, комесарот ја затвори истрагата што беше отворена во април на барање на опозициските либералдемократи.
Лабуристичката партија повика на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во агенција која ќе има корист од владините грантови за грижа за деца. Сунак го пријавил уделот на неговата сопруга во министерскиот регистар, откако не го спомнал во одговорот на прашање на член на парламентарната комисија.
Премиерот се извини што неговото писмо до комисијата од април годинава „не било доволно темелно“. Лидерот на лабуристите Ангела Рајнер рече дека случајот е доказ дека на системот му е потребна целосна ремонт.