Британскиот премиер Кир Стармер пристигна синоќа во посета на Германија, што е негова прва посета во странство како премиер на Обединетото Кралство.
Тој изутринава ќе биде пречекан со воена церемонија во Берлин, по што се очекува да разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц за нов билатерален договор сличен на договорот од Ланкастер Хаус, што Франција и Британија го потпишаа во 2010 година.
Новиот договор, кој е „столб на обновените односи на Велика Британија со Европа“, треба, според Даунинг стрит, да биде финализиран на почетокот на 2025 година.
Се очекува тој да ја зајакне трговијата, да ја прошири безбедносната соработка и да ја засили „заедничката акција против нелегалните имиграција“, соопшти Кабинетот на британскиот премиер.
По Берлин, Стармер се очекува вечерва да пристигне во Париз на отворањето на Параолимписките игри, а утре во Елисејската палата ќе биде пречекан од францускиот претседател Емануел Макрон.