Британскиот Парламент ги продолжи вонредните мерки до септември

by Fokus

Британскиот Парламент денеска го одобри продолжувањето на итните мерки заради коронавирусот за нови шест месеци и со тоа конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон и овозможи да ги задржи широките овластувања за ограничување на секојдневните активности.

Долниот дом на британскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредните овластувања на владата до септември и го одобри планот на извршната власт за постепено олеснување на строгите мерки во следните три месеци.

За продолжување на специјалните овластувања на владата на Џонсон гласаа 484 пратеници, а 76 беа против.

Џонсон меѓутоа се соочува со револт од дел од пратениците на неговата партија кои тврдат дека цената на ограничувањето ќе биде поголема од придобивките што ќе ги донесе.

Во февруари нагло опадна бројот на инфекции и смртни случаи во Велика Британија, додека истовремено дојде до нагло зголемување во повеќето делови на Европа.

Поврзани новости