Британски затвореник доби отштета од 5 милиони фунти откако беше избоден во затворска кујна

by Fokus

Провалникот Стивен Вилсон доби отштета од 5 милиони фунти откако беше избоден со нож во затворската кујна во Челмсфорд, Англија.

Тој бил нападнат од осуден убиец кому поради лоша проценка на ризикот му било дозволено да работи во кујната каде што имал лесен пристап до ножеви, објави Гардијан.

Вилсон претрпе расекотини на стомакот, повреда на црниот дроб и се здоби со нецелосна повреда на ‘рбетниот мозок откако беше избоден неколкупати со нож од 22 сантиметри од напаѓач во јули 2018 година во затворска менза.

Неговиот напаѓач отслужувал доживотна затворска казна за убиство, но му било дозволено да работи во затворската кујна со пристап до ножеви бидејќи проценката на ризик покажала дека е „непознато“ дали може да биде оставен без надзор.

Вилсон бил во затвор за кражба во моментот на прободувањето. По инцидентот тој поднел барање за обештетување, а казната од девет години поради повредите му била намалена на шест и пол години. Тој беше ослободен во јуни 2021 година.

Судијката Мелиса Кларк му досуди на Вилсон отштета од 5,4 милиони фунти бидејќи, како што рече, неговиот живот бил радикално и трајно погоден од физичките и психолошките повреди предизвикани од нападот во затворската кујна.

Судијата рече дека како резултат на неговите повреди, Вилсон барал инвалидска количка, бастун и шетач за да се движи, во зависност од степенот на болка и замор.

Поврзани новости