Томас Тухел, поранешниот менаџер на Челси и Баерн Минхен, потпиша договор за нов селектор на Англија.
Германецот, кој е без работа откако го напушти Баерн ова лето, ќе стане постојан наследник на Герет Саутгејт, кој поднесе оставка по поразот на Англија од Шпанија во финалето на ЕП 2024 во јули.
Тухел (51) го предводеше Челси до успехот во Лигата на шампионите во 2021 година, но беше отпуштен следната година.
Тој ќе биде првиот менаџер од неанглиско потекло што ќе ја преземе функцијата откако Фабио Капело се повлече во 2012 година, а само трет севкупно, по Италијанецот и Швеѓанецот Свен-Горан Ериксон.
Англичаните, како што пишува британски „Sky Sport“, сакале на клупата да го видат и Шпанецот Пеп Гвардиола, но првите контакти не прераснале во посериозни преговори.