Британски падобранец загина во Тајланд – неговиот падобран не се отвори при скок од 29-ти кат

by Fokus

Британски падобранец загина откако не му се отворил падобран скокајќи од зграда во одморалиштето Патаја во Тајланд, соопшти денеска локалната полиција.

Биле повикани надлежните служби откако очевидци пријавиле дека едно лице паднало на дрво, а потоа на земја.

Полицијата соопшти дека на човекот пронашла син падобран кој не се отворил, пренесе Би-Би-Си.

Вработените во 29-катната зграда рекле дека мажот (33) се искачил на последниот кат со пријателите, кои го снимале неговото скокање.

На социјалните мрежи на жртвата се гледа дека бил искусен во скокање со падобран.

Овој екстремен спорт, кој вклучува скокање со падобран од високи места наместо од авиони, стана многу популарен меѓу странците кои живеат во Југоисточна Азија.

Некои од скокачите заработуваат од бројот на следбеници на социјалните мрежи, односно од бројот на прегледи на нивните видеа.

Ваквиот скок е многу опасен бидејќи падобранот се отвора неколку секунди пред да ја допре земјата и не се дозволени никакви грешки.

Поврзани новости