Британски командоси можеби се виновни за нападот врз воената база Јаворив

by Fokus

Британски доброволци во Украина можеби не сакајќи го предизвикале рускиот ракетен напад врз воената база Јаворов кај Лавов во Украина, во кој загинаа најмалку 35 луѓе, пишува „Телеграф“, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Лондонскиот медиум објави дека се верува оти нападот на 13 март се случил откако руските разузнавачи идентификувале 12 до 14 британски броеви на мобилни телефони. Москва тврдеше дека во нападот се убиени „180 странски платеници“. Според информациите на „Телеграф“, се стравува дека во ракетниот удар загинале тројца поранешни британски специјалци, кои надгледувале обуки на странски доброволци во базата Јаворов на само 25 километри од полската граница.

Меѓународниот центар за миротворство и безбедност, каде украинската армија со години изведува заеднички воени вежби со припадници на армиите на земји-членки на НАТО, биле истрелани триесетина ракети.

Според „Телеграф“, десетина броеви кои почнуваат со +44 (повикувачкиот број за Британија), биле видливи за разузнавачката опрема на Русите неколку часа пред нападот. Безбедносни извори велат дека се верува оти во тоа време во близина дејствувале луѓе од руската платеничка структура Вагнер, поврзана со Кремљ.

Броеви поврзани со британските специјални сили се чини дека се скенирани и откриени во областа, а руските шпионски кругови веднаш биле известени. Се верува дека Русија собрала голема колекција на телефонски броеви од претходните разузнавачки операции во близина на британските воени бази што ги користеле луѓе поврзани со британските специјални сили, пишува „Телеграф“.

Поврзани новости