Британски државјанин фрлал со камења кон канцеларијата на Еди Рама

by Fokus

Mаж на возраст од околу 40 години синоќа фрлал со камења кон канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама.

Обезбедувањето веднаш реагирало и го привело мажот. Како што пренесуваат локалните медиуми, уапсен е 45-годишен странски државјанин, наводно државјанин на Велика Британија.

Уапсениот бил пијан, а сомнежите се дека имал психички проблеми.

Откако бил приведен, тој бил префрлен во болница.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил околу 22.40 часот. Истрагата е во тек.

Поврзани новости