Адмиралот на британското Министерство за одбрана, Тони Радакин изјави дека 50.000 руски војници или загинале или се ранети, и додаде дека поради тоа, украинската армија апсолутно верува дека ќе ја добие војната.
– Целосно е јасно тие планираат да ја вратат целата своја територија, сведочат на Русија која се мачи, Русија за која се проценува дека изгубила повеќе од 30 отсто од својата борбена ефикасност на копно. Тоа всушност значи дека 50.000 руски војници или загинале или се ранети, рече Радакин, додавајќи дека се уништени речиси 1.700 руски тенкови и околу 4.000 оклопни возила.
– Русија ја започна оваа инвазија со амбиција да ја заземе цела Украина, тие сакаа да ги заземат градовите во првите 30 дена, Русија сакаше да изврши притисок врз НАТО, но не успева во сите овие амбиции, рече Радакин