Британската полиција уапси маж кој рани шест лица пред црква во Лондон

by Fokus

Британската полиција упаси машко лице на 22-годишна возраст, осомничено за обид на убиство на шест лица пред црква во Лондон.

Во нападот што се случил вчера пред црквата Свети Алојзие во Еустон тешко е рането седумгодишно девојче, како и уште пет женски лица.

Нападот бил извршен од возило во движење, а напаѓачот бил приведен од полицијата вчера попладнето во лондонската населба Барнет. Од полицијата додаваат дека тешко повреденото девојче се уште е во животна опасност.

 

Поврзани новости