Британската кралица Камила ги откажа сите ангажмани поради инфекција на белите дробови

by Fokus

Британската кралица Камила ги откажа своите ангажмани оваа недела по совет на лекар поради инфекција на белите дробови, соопшти денеска Бакингемската палата.

Портпаролот на палатата рече дека лекарите на Камила „советувале краток период на одмор“ и додаде дека „со големо жалење“ таа се повлече од своите должности оваа недела, објави Скај њуз.

„Таа им се извинува на сите оние кои би можеле да бидат вознемирени или разочарани поради ова“, соопшти палатата.

Меѓу настаните на кои е откажано присуството на кралицата се годишното отворање на градината „Поле на сеќавањето“ во Вестминстерската опатија во четвртокот, во спомен на паднатите британски војници и приемот на кралот во Бакингемската палата за олимписките и параолимписките спортисти истиот ден.

Поврзани новости