Британска полицајка Хана Емили Бирн (22) веќе била мртва кога ја пронашол минувач на првиот ден од нејзиниот одмор во Кавос, во неделата. Девојката одлучила да остане во градот кога нејзиниот колега се вратил во хотелот. Пронајдена е покрај главниот пат, откако паднала од неколку метри висина и се здобила со рана на главата.
Властите на островот сега истражуваат дали нејзиниот пијалак бил контаминиран. Главниот медицински службеник кој прв ја прегледал Хана рекол дека открил алкохол во нејзиниот здив.
„Постои прашањето кој вид на алкохол го консумирала. Дали е во него нешто ставено? Дали била толку пијана бидејќи илегалниот метанол бил присутен во пијалоците кои ги консумирала? Одговорот лежи во токсиколошките тестови кои ќе бидат спроведени“, вели Јанис Аиватидис за „Мирор“.
Тој додал дека очекува дека токсиколошките тестови ќе ја откријат точната природа на супстанциите вклучени во алкохолот кој полицајката го пиела.
„Од витално значење е да се откријат овие супстанции. Очекуваме резултати за неколку недели“, рекол Аиватидис за „Mirror“.