Британската министерка за транспорт Луиз Хеј поднесе оставка откако пред неколку години се изјасни за виновна за прекршок поврзан со заблуда на полицијата за деловен мобилен телефон, што претставува нов удар за премиерот Кир Стармер.
Нејзината оставка, прва во владата на Стармер по победата на изборите во јули, уследи по медиумските извештаи дека во 2014 година Хеј била осудена и условно ослободена за, како што рече, „грешка“.
Хеј во вчерашното писмо до Стармер појасни дека на полицијата ѝ кажала дека мобилниот телефон ѝ бил украден за време на ноќно излегување во 2013 година, но подоцна открила дека телефонот сè уште е во нејзиниот дом.
Во нејзиното писмо за оставка, кое денеска го сподели канцеларијата на Стармер, Хеј вели дека се повлекува бидејќи прашањето „неизбежно ќе се меша во работата на владата и политиките на кои сме посветени“.
„Сè уште останувам целосно посветена на нашиот политички проект, но верувам дека сега на премиерот подобро ќе му користам од позиција надвор од владата“, објасни таа.
Стармер ѝ се заблагодари на Хеј за нејзината досегашна работа и се што направи „за да ги исполни амбициозните планови за транспорт на оваа влада“.
Опозициската Конзервативна партија веднаш објави дека верува дека Хеј ја „направила вистинската работа“, но се прашуваат зошто Стармер ја назначил кога јасно бил свесен за пресудата за измама.